Голманот на Челзи, Тибо Куртоа медиумите веќе подолго време го „селат“ во Реал Мадрид, но тој уште еднаш потврди дека нема намера да го напушти „Снетфорд Бриџ“.
Куртоа три сезона го бранеше голот на Атлетико Мадрид како позајмен фудбалер на Челзи, а оваа сезона е на добар пат да ја освои Премиер лигата со „сините“.
Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Белгиецот, кој е еден од најдобрите голмани во Премиер лигата, вели дека не е реално да го напушти Челзи и призна дека не се гледа себе си во Реал Мадрид.
„Не се гледам себе си во Реал. Сакам да останам во Челзи, клубот кој пред шест години ме пронајде во Белгија и ми даде шанса да потпишам договор. Клубот исто така ми дозволи три години да бранам за Атлетико Мадрид и да станам голман каков што сум денес“, изјави Куртоа.
„Чувствувам дека сум важен за тимот. Среќен сум во Челзи и не се гледам себе си на друго место. Сеуште не сме зборувале за продолжување на договорот, фокусирани сме на лигата, ќе разговараме на крајот на сезоната. Вистина е дека јас ја сакам Шпанија, но среќен сум во Лондон. Гледам дека Челзи планира долгорочно и дека целта се и европските трофеи“, додаде белгискиот голман.