Иднината на Тибо Куртоа е една од најжешките трансфер теми ова лето, бидејќи белгискиот голман сака да ја промени средината.
Имено, Куртоа јасно му ставил до знаење на раководството на Челзи дека нема намера да го продолжи договорот и ако не го продадат ова лето, следната година ќе замине без обештетување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот е трансфер цел на Реал Мадрид, но „сините“ одбиваат да го продадат додека не најдат адекватна замена. До крајот на трансфер пазарот во Англија остануваат уште само 9 дена, па иднината на голманот треба да се реши што побрзо.
Челзи тешко дека ќе најде адекватна замена, па треба да одлучи дали да ја прифати понудата од 35 милиони евра од Реал Мадрид, или Куртоа следното лето да замине без обештетување.
Куртоа треба да се појави на тренинзите следната недела, само три дена пред затворање на трансфер пазарот, а тој поставил утиматум неговата иднина да биде решена до тогаш.