Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп на Македонија: Шкупи, Шкендија и Борец фаворити за второто коло

Куп на Македонија: Шкупи, Шкендија и Борец фаворити за второто коло

Денес ќе биде комплетирано првото коло од Купот на Македонија.

Пред една недела прволигашите не дозволија изненадувања и ја минаа првата пречка, а денес такви очекувања имаат Шкендија, Шкупи и Борец.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Натпреварот Шкендија – Шкупи од ПМФЛ беше поместен поради трагедијата во Тетово, па такаа мораа да се поместат и нивните натпревари од купот за една недела.

Денес од 15:00 часот Шкендија ќе игра на гости кај Кит Го, Шкупи дома ќе се сретне со Велешта, а Њу Старс ќе биде домаќин на Борец.

Кит Го има амбициозен проект, меѓутоа јасно е дека против актуелниот шампион Шкендија нивните шанси се мали, иако тетовци не играат баш најдобро на стартот од сезоната. Не многу поразлично и за дуелот Велешта – Шкупи. Домаќините влегуваат мотивирани после победата над Вардар меѓутоа Шкупи реално во овој момент располага со далеку поквалитетен ростер од оној на Вардар, па не би требало да имаат проблеми.

Борец сезоната во ПМФЛ ја започна само две победи, па нивните амбиции се да направат нешто повеќе во Купот. Против Њу Старс тие ќе бидат фаворитот.

Фото: ФК Шкупи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

МЗТ: Не сме маалски клуб, нема да дозволиме да се шират лаги и невистини!

Екипата на МЗТ Скопје поминува низ еден тежок период, а клубот сега се огласи со соопштени…