Дома Фудбал Италија Купот на Италија може да се доигра на лето

Купот на Италија може да се доигра на лето

Во Италија не престанува хаосот околу одложените натпревари поради коронавирусот, а натрупаниот календар претставува голем проблем.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека тоа може да ги натера првите луѓе на Калчото да ги преместат реванш полуфиналните дуели од Купот да се играат на лето, односно во август месец.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Натпреварите помеѓу Јувентус – Милан и Наполи – Интер беа одложени, а се уште нема одредени датуми кога ќе се изиграат. Финалето е закажано за 20ти мај, но и тоа може да биде преместено.

Идејата е во август четирите клубови да одиграат плеј-оф и да биде одреден победникот во италијанскиот Куп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…