Дома Фудбал Кунде: Чави е причината поради која дојдов во Барса

Кунде: Чави е причината поради која дојдов во Барса

Новото засилување на Барселона, Жил Кунде го даде своето прво интервју по неговото доаѓање на „Камп Ноу“.

Францускиот дефанзивец истакна дека Барселона е чекор напред во кариерата и ја избрал поради Чави.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу сум горд и благодарен за оваа можност. Возбуден сум бидејќи пристигнувам во голем клуб. Едвај чекам да се сретнам со моите соиграчи и да почнам да играм. Севиља е исто така голем клуб, но Барса е лекор напред во мојата кариера. Сакам да се борам за сите трофеи и затоа сум тука“, изјави Кунде.

„За оние кои не ме познаваат, јас сум многу динамичен играч, играм со многу енергија. Можам да ја изнесувам топката, можам да се бранам, можам да бидам агресивен и давам се од себе на теренот. Тренерот Чави е една од главните причини поради кои сум тука. Разговарав со него неколку пати. На ист начин гледаме на фудбалот. Имам цели, но не поставувам граници“, додаде францускиот репрезентативец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Teр Штеген заминува: Го избрал и новиот клуб?!

Марк-Андре Тер Штеген наскоро би можел да биде нов голман на Жирона! Според каталонскиот н…