Милан запиша тешка победа на гостувањето кај Удинезе, а херој за „росонерите“ повторно беше Златан Ибрахимовиќ.
Натпреварот започна добро за Милан кој поведе во 19-та минута со голот на Кеси после асистенцијата на Ибрахимовиќ. До крајот на полувремето „росонерите“ доминираа, но не успеаа да постигнат втор гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На стартот на вториот дел судијата покажа на белата точка, откако Ромањоли го фаулираше Песото, а сигурен реализатор беше Де Паул.
Милан до крајот тргна во целосна иницијатива, а Ибра во 83-та со феноменален потег постигна гол со „ножички“ за победа од 2:1 и задржување на врвот на табелата.