Селекторот на холандската репрезентација, Роналд Куман потврди дека преговори со Барселона за преземање на тренерската позиција.
После дебаклот во Лигата на шампиони Барселона веднаш го отпушти Кике Сетиен, а Куман е фаворит за негов наследник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Холанѓанецот веќе пристигна во Барселона и започна преговори со раководството, но тврди дека се уште ништо не е дефинитивно.
„Да, би сакал да ја водам Барса, но се уште нема ништо конечно. Се уште не се ставени потписите. До тогаш не можам да кажам ништо“, изјави холандскиот стратег.
Во Холандија и Шпанија се сигурни дека во наскоро Куман и официјално ќе биде назначен за нов кормилат на Каталонците. 57-годишниот Холанѓанец како играч помина шест сезони на „Камп Ноу“ и одигра клучна улога во освојувањето на првата титула во ЛШ.