Дома Фудбал Куман: Не очекувавме да се бориме за титулата, но…

Куман: Не очекувавме да се бориме за титулата, но…

Тренерот на Барселона, Роналд Куман зборуваше за престојниот дуел со Атлетико Мадрид кој е клучен во битката за титулата.

Куман призна дека не очекувал да биде во ваква ситуација, но сега со четири победи ќе ја освои шампионската титула.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Оваа сезона имавме подеми и падови и сега сме во ситуација во која не очекувавме да бидеме до пред три месеци, односно да се бориме за титулата. Утрешниот меч нема да ја реши титулата, но е многу важен. Ако победиме на последните четири меча ќе бидеме шампиони“, изјави Куман.

„Треба да бидеме на потребното ниво, да ја имаме топката за да создаваме шанси. Ние секогаш сме биле офанзивен тим, но има и други начини за да се победи еден натпревар. Секој си има свој стил, Атлетико игра на поинаков начин“, додаде Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Војна“ на македонската фудбалска сцена поради ВАР: Тренерот на Шкендија критикуваше, ФФМ му одговори!

Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија реагирше на на изјавата на Јето…