Дома Фудбал Куман: Не е убаво што толку луѓе од ПСЖ зборат за Меси

Куман: Не е убаво што толку луѓе од ПСЖ зборат за Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман е огорчен поради тоа што многу играчи на ПСЖ го коментираат потенцијалниот трансфер на Меси во францускиот клуб.

Се започна со Нејмар. Бразилецот пред неколку недели истакна дека сака да игра повторно заедно со Лео и се надева дека тоа ќе се случи веќе наредната сезона. Секако, веднаш започнаа шпекулациите за евентуално доаѓање на аргентинскиот велемајстор на „Паркот на принцовите“. Вчерашната изјава на Анхел Ди Марија го налути Куман.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се надевам дека ќе заигра за ПСЖ. Верувам дека е голема можноста да се случи, но мораме да бидеме трпеливи“, порача Ди Марија.

Одговорот на Куман дојде вчера после мечот со Гранада во Кралскиот куп.

„За мене тоа е непочитување. Не е убаво што толку луѓе од ПСЖ зборат за Меси кој се уште е под договор со Барселона“, порача Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се приближува до враќањето дома и најави отворен тренинг на реновираниот „Спотифај Камп Ноу“

Од Барселона официјално најавија дека првиот тим ќе одржи отворен тренинг на „Спотифај Кам…