Тренерот на Барселона, Роналд Куман по високата победа против Реал Сосиедад истакна дека за него тоа било совршен роденски подарок (6:1).
„Одигравме фантастичен натпревар иако беше тешко да постигнеме прв гол. На 2:0 воспоставивме апсолутна доминација и бевме одлични напред. Играчите ми дадоа совршен роденски подарок“, изјави Куман.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
На 10 кола до крајот Барселона е втора на табелата со четири бода помалку од Атлетико Мадрид.
„Не верувам дека нема да изгубиме натпревар до крајот. Не чекаат тешки ривали. Се што можеме да направиме е да продолжиме да играме на овој начин. Само така можеме да освоиме нешто“, јасен беше Холанѓанецот.
Каталонсиот клуб во наредната рунда на 5. април ќе игра игра против Ваљадолид.
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!