Тренерот на Барселона, Роналд Куман не е задоволен од играта и однесувањето на искусниот дефанзивец.




Како што пренесува „Марка“, Куман кој е пред отказ поради слабиот старт на сезоната, смета дека Пике има силно влијание на раководството на клубот.




Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Него особено му смета фактот што Пике е пријател со претседателот Лапорта и дека на тој начин влиае на клупската политика.




Притоа, Холанѓанецот не е задоволен од игрити на Пике и го смета еден од главните виновници за поразот во дербито со Атлетико Мадрид.




Многумина во клубот не се задоволни од однесувањето на Пике и сметаат дека неговите бизнис интереси ги става над интересите на клубот.