Дома Фудбал Куман бесен: Тројца играчи на Барселона задоцниле на тренинг

Куман бесен: Тројца играчи на Барселона задоцниле на тренинг

Роналд Куман се уште не ја водел Барселона во еден натпревар од кога дојде во клбуот, а веќе се соочува со проблеми поради дисциплината во неговиот тим.

Имено, шпанските медиуми објавија дека тројца играчи на Барселона задоцниле на тренинг и тоа многу го налутило Куман и неговите помошници.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најмногу задоцнил десниот бек Нелсон Семедо, 19 минути, пред него пристигнал Демебле со 11 минути задоцнување и Артуро Видал кој се приклучил на соиграчите седум минути по почетокот.

Сите тројца сигурно ќе бидат парично казнети. Најмногу загрижува Дембеле на кого ова не му е првпат да доцни на тренинг.

Куман во Барселона донесе некои нови правила. Кај Валверде и Сетиен тренинзите траеа еден час, додека Куман тренингот го продолжи за 30 минути. Го зголемил интезитетот на трчеање, на што играчите не биле навикнати.

Како ќе се одразат ваквите и некои други промени останува да видиме во првите натпревари на Барселона во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рома испрати понуда за двајца од Тотенхем

Рома испрати понуди за позајмицата на двајца играчи на Тотенхем – романскиот дефанзи…