Актуелниот европски шампион Реал Мадрид е спремен да понуди 100 милиони евра за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските медиуми.
Кулибали се етаблираше во еден од најдобритењ дефанзивци во светот и за него силен интерес покажуваат многу европски гиганти. Наполи нема намера да се откаже од него, но тешко дека ќе може да ја одбие понудата од Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доколку овој трансфер се реализира, Кулибали ќе го собори рекордот на Ван Дајк и ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња.
Сенегалецот веќе 4 и пол години е член на Наполи, кој му понуди нов договор и сака да го направи најплатен фудалер на тимот.
Меѓутоа, од „кралскиот“ клуб се надеваат дека 100 милиони евра ќе бидат доволни за да го убедат Наполи да го пушти Кулибали во Мадрид.