„Марка“ пред неколку дена најави, а „Билд“ денес потврди – Тони Крос ќе потпише нов шестгодишен договор со Реал Мадрид и ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот!
Реал Мадрид за новиот договор на Германецот ќе треба да издвои 120 милиони евра, односно 20 милиони евра годишно, со вклучен данок.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со тоа Крос ќе стане најплатениот германски фудбалер на сите времиња и ќе заработува повеќе од Томас Милер, Бастиан Швајнштајгер и Илкај Гундоган.
Актуелниот договор на Крос со Реал истекува дури во 2020 година, но бидејќи многу клубови се интересираат за 26-годишниот плејмејкер, „кралевите“ се приморани да му понудат нов договор.
Крос пристигна на „Сантиаго Бернабеу“ во 2014 година и веднаш стана неизоставен дел од тимот, па секако е една од најдобрите трансфер зделки на Реал Мадрид во последно време.