Дома Трансфер зона Крос попрво би заминал во пензија, отколку да направи трансфер во Сити

Крос попрво би заминал во пензија, отколку да направи трансфер во Сити

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос сè уште не го реши прашањето за неговата иднина бидејќи договорот со шпанскиот гигант му трае до следното лето, а во медиумите се појавија шпекулации дека неговиот потпис сака да го обезбеди англискиот шампион Манчестер сити.

„Дефенса сентрал“ објави дека 32-годишниот Крос сака да остане во Реал Мадрид, кој засега не му нуди нова соработка. Па дури и да не добие нов договор, Германецот не сака да се пресели во друг тим, односно ќе замине во пензија.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Крос попрво би заминал во пензија отколку да ги прифати милионите на Манчестер сити, таков е ставот на Германецот во моментов.

Германецот играше во Баерн Минхен пред да се пресели во Реал Мадрид за 40 милиони евра во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…