Дома Фудбал Крос: Нема да играм до 38. години

Крос: Нема да играм до 38. години

Тони Крос со години е меѓу најдобрите светски играчи од средниот ред. Честа во своите редови да се има играч со таков висок квалитет му припаѓа на Реал.

Крос го прослави својот 30-ти роденден на почетокот на јануари и полека влегува во последните години од кариера. Германскиот репрезентативец веќе постепено размислува за пензија.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерот кој го краси одличната пас игра во разговор за германските медиуми кажа дека нема намера да игра до 38. години.

„Отсекогаш велев дека нема да игам до 38. години. Ми останаа уште три ипол години од договорот, до летото 2023. година.“ – изјави Крос и додаде:

„Тогаш ќе наполнам 33 години, што е добро време да размислувам дали да потпишам нов четиригодишен договор. Сигурно нема да размислувам многу кога ќе дојде време“.

Крос е член на Реал од јули 2014 година, претходно играше за Баерн и Баер, а кариерата ја започна во Ханза Росток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…