Дома Фудбал Крос го објасни голот од корнер: Тоа не се тренира, треба да го погодите моментот

Крос го објасни голот од корнер: Тоа не се тренира, треба да го погодите моментот

Германецот Тони Крос во полуфиналето од шпанскиот Суперкуп ја воодушеви јавноста со голот директно од корнер.

Крос во таа ситуација забележа дека голманот на Валенсија не внимава многу на голот, побрза и успеа да погоди. За шпанските медиуми Крос сега го објасни голот и за него не е тешко да се погоди од корнер бидејќи треба да се погоди само тајмингот.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Се случи се спонтано, истрчав да изведам корнер и не помислив дека ќе дадам гол. Ја наместив топката, а голманот уште продолжи да зборува со играчите. Во тој момент треба да одлучите брзо. Шутот беше добар, но тоа не се тренира, едноставно треба да го погодите моментот бидејќи немате многу време да размислувате“, изјави Крос.

Реал Мадрид во финалето на Суперкупот ќе игра против Атлетико кој беше подобар од Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неодамна беше сопственик на гигант, сега банкротира

Основачот на Suning групацијата, Жанг Ѕиндунг, беше сопственик на Интер од 2018 до 2024 го…