Дома Топ вести Критична ситуација во Барса: Меси е лут и незадоволен од трансфер политиката!

Критична ситуација во Барса: Меси е лут и незадоволен од трансфер политиката!

„Дон Балон“ пишува дека најголемата ѕвезда на Барселона е исклучително незадоволна од досегашниот тек од преодниот рок, во кој каталонскиот клуб се уште не довел засилувања на најдефицитарните места.

Меси сака Барселона да се фокусира на Ектор Белерин и Марко Верати, а не да се занимава со споредни трансфери. По заминувањето на Дани Алвеш во Јувентус минатото лето, Барселона беше најтенка на позицијата десен бек, што очигледно можеше да се види во некои натпревари минатата сезона, во која во најголемиот дел одигра без класичен десен бек, што е поразително за клуб со такво реноме.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Дон Балон“ пишува дека според мислењето на Меси, Барселона мора да добие квалитетно засилување во средниот ред. Барса скапо го плати Андре Гомеш, но Португалецот не покажа дека е играч за Барселона, како впрочем ниту еден од играчите кои дојдоа минатата година, освен можеби Умтити.

Барса буквално потроши преку 120 милиони евра за нови играчи, а не доби ниту едно вистинско засилување освен играчи во ротацијата. Лошата трансфер политика беше и е еднад причините за незадоволството на Меси. При преговорите околу потпишувањето на новиот договор, кој би требало да излезе на виделина кон почетокот на јули, управата на каталонскиот клуб наводно му ветила на Аргентинецот дека ова лето многу подобро ќе пазари, но засега нема некои поголеми напредоци.

Се чини дека нешто е покренато кога станува збор за Белерин, но се уште нема конкретен договор. Арсенал тврдо се постави и се чини дека нема лесно да попушти. Што се однесува до Верати ситуацијата е уште понеизвесна и прилично е далеку од решение. ПСЖ упорно ја одбива Барса.

Италијанскиот играч за врска е на мета на уште неколку клубови, а меѓу нив и најголемиот ривал на Барса Реал Мадрид, кој наводно преговара со ПСЖ за можна трампа на Герет Бејл за Верати плус доплата.

Останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата, но кога Меси е лут, Барса сигурно има причина за загриженост!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Најцрниот месец во кариерата на Гвардиола: Вакво нешто никогаш не му се случило!

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити го доживуваат најтешкиот период во нивната заедничка сорабо…