Дома Фудбал Критичарите и навивачите се во право! – До кога Зидан ќе му верува?

Критичарите и навивачите се во право! – До кога Зидан ќе му верува?

Критичарите во Мадрид овој пат сепак се во право, Зинедин Зидан повеќе нема кредит.

Карим Бензема е миленикот Зидан, но сите податоци укажуваат на тоа дека за него повеќе не би требало да има место во тимот.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Навивачите веќе неколку недели го бојкотираат првиот напаѓач, а статистиката покажува дека се целосно во право.

Имено, Бензема оваа сезона постигна само два погодоци во сите натпреварувања, односно погодува на секои 468 минути. Тој посебно беше мета на критичарите поради својот лош настап во градското дерби против Алтетико во кое немаше ниту еден удар кон противничкиот гол за 75 минути, а во тој период имаше само 26 додавања.

На Бензема му се замерува што е целосно невидлив и неупотреблив, нема никакво влијание на играта, а токму осаменоста на Роналдо во нападот е еден од најголемите проблеми на „кралевите“.

Медиумите во Мадрид пишуваат дека Зидан брзо мора да пронајде решение. Барселона веќе има 10 бодови предност и Реал повеќе нема право на грешка, доколку сака да остане во игра за титулата.

benzema

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета воведе практика која ги чини играчите на Арсенал илјадници фунти.

Микел Артета стана шеф на стручниот штаб на Арсенал уште во далечната 2019 година. Шпанецо…