Како што вчера беше најавено, Рома денес го комплетира третото засилување, а станува збор за Брајан Кристанте.
Кристанте доаѓа на „Олимпико“ после фантастичната сезона во Аталанта, а „волчицата“ за неговиот потпис ќе плати 30 милиони евра плус 5 милиони во име на бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, според формулата на трансферот Рома ова лето ќе плати само 5 милиони евра, а останатите 25 дури следното лето.
Кристанте кој беше мета на многу европски гиганти денес пристигна во Рим и позираше со шалот на Рома.
„Среќен сум што сум овде и што ќе играм за вака голем клуб. Не можам да дочекам да играм Лига на шампиони“, изјави Кристанте.