Вечерва во шпанскиот град Билбао забележани се навивачки нереди пред и за време на мечот помеѓу Атлетик Билбао и Марсеј.
Прво двајца се примени во болница по судир со хулиганите на францускиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Во болница е примен 57-годишен маж со рана на вратот, па уште еден млад човек со рана на раката. Двете рани се нанесени со нож, но за среќа ниту еден не е во животна опасност“, објавија од болницата.
Но, Французите тука не застанаа. Имено, за време на мечот од горната трибина почнаа да фрлаат бакли надолу, а во таа авантура повредија малолетна девојка.
Потоа безбедносните сили и полицијата тргнаа кон трибината каде се наоѓаа гостинските навивачи за да ги истера од стадионот, а потоа се случи нов судир.
Марсеј пласман во четвртфинале во Лига Европа избори со победата против Атлетик Билбао, со вкупно 5:2 од двата меча. Во вечерашниот меч францускиот прволигаш славеше со 2:1.