Напаѓачот на Интер Лаутаро Мартинез се огласи на својот Инстаграм профил и потврди дека нема да го напушти клубот ова лето.




„Нова сезона, заедно“, напиша Аргентинецот.




Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Мартинез во октомври минатата година го продолжи договорот со италијанскиот клуб, но често пати се споменуваше дека може да замине, посебно се поврзуваше со клубови од Премиер лигата.




Сепак, 24-годишникот потврди дека ќе остане верен на „нероаѕурите“.




Аргентинскиот напаѓач во дресот на Интер минатата сезона одигра 48 натпревари и постигна 25 голови. Од доаѓањето во Интер во 2018 година на вкупно 133 настапи постигна 58 гола.