Подолго време се шпекулираше со иднината на Бернардо Силва, но на крајот Португалецот ќе остане во Манчестер Сити.




Силва се поврзуваше со Барселона, потоа и со ПСЖ, меѓутоа донесена е одлука тој да продолжи во редовите на „граѓаните“. Потврдата стигна во емисијата „Ел Чирингуито“ и тоа од извршниот директор на Манчестер Сити, Ферхан Соријано.




ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
„Секако дека можам да потврдам, Бернардо Силва станува во клубот“, кратко искоментира Соријано и така стави крај на сите шпекулации.




„Мундо Депортиво“ на оваа изјава додава дека играчот за врска сфатил дека ќе биде тешко да се пресели на „Камп Ноу“ до крајот на преодниот рок и ќе биде подготвен да го чека следното лето.