Барселона заврши голема работа!
На тренерот на тимот на Барселона, Ернесто Валверде на кого договорот му истекува на крајот од сезоната беше предмет на многу шпекулации за неговата иднина. Се шпекулираше дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, но тоа сепак нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона на својот официјален сајт објави дека Ернесто Валверде ќе го продолжи договорот на уште една сезона со опција истиот да биде продолжен на уште една година.
Значи Валверде ќе биде тренер на Барселона и во сезоната 2019/2020, а доколку има резултати во склад со очекувањата на клубот, Барселона ќе ја искористи опцијата за продолжување на истиот.
❗ [LATEST NEWS] Agreement to extend Ernesto Valverde's contract
More info ? https://t.co/LiAjy53jnP pic.twitter.com/ehuoU4V5ms— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 15, 2019
Денес ќе биде официјалното потпишување на договорот, а Валверде пред новинарите ќе се појави вечерва пред натпреварот против Ваљадолид.
Валверде зад себе има одлични резултати во првата сезона, освои двојна круна, а оваа го додаде и Супер Купот на Шпанија.
Дека Валверде ќе го продолжи договорот вчера најави Бартомеу, па ова практично е остварување на неговите зборови.
„Верувам дека ќе остане. Тој им верува на играчите и ова е само негова втора сезона. Целата е да стануваме подобри со текот на времето. Дури и во случај да не освои ништо тој ќе остане во клубот“, изјави Валверде.
Во оваа прилика Бартомеу порача и дека Меси наскоро ќе стави потпис на нов договор, па според тоа дека се исполнија најавите за Валверде, наскоро се чека и потписот на Меси.