Дома Фудбал Германија Крај на сагата: Ноер стави потпис на нов договор

Крај на сагата: Ноер стави потпис на нов договор

После неколку месечни преговори и перипетија, Мануел Ноер конечно стави потпис на нов договор со Баерн Минхен.

Баварскиот гигант денес потврди дека Ноер ставил потпис и се обврзал на верност со Баерн Минхен до 2023 година.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на голманот истекуваше следното лето, па двете страни долго време беа во преговори и не можеа да најдат заеднички јазик околу должината на договорот.

34-годишниот Ноер сакаше договор до 2025 година, но двете страни конечно најдоа заеднички јазик и ставија крај на сагата.

Со новиот договор Ноер ќе заработува 15 милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Палмер во спектакуларен трансфер го напушта Челси?!

Пеп Гвардиола беше тој кој го продаде Палмер во Челси во септември 2023 година, за околу 5…