Дома Трансфер зона Крај на „кинеската епизода“ – Победи носталгијата, Карлос Тевез се враќа дома!

Крај на „кинеската епизода“ – Победи носталгијата, Карлос Тевез се враќа дома!

tevez

„Кинеската епизода“ на Карлос Тевез се заврши за само една година.

Во летото 2015 година Карлос Тевез направи „хаос“ во Јувентус и бараше клубот да го пушти во родната Аргентина во редовите на Бока Јуниорс…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, кога за неговите услуги интерес покажа кинескиот клуб Шангај Шенуоха, Тевез ја прифати неверојатната понуда од 634 илјади евра неделно и стана најплатениот фудбалер на светот со годишна заработка од 33 милиони фунти.

Тевез лошо се покажа во Кина, често пати беше повреден, а кога играше не беше убедлив како што очекуваа Кинезите, па тој одигра 16 натпревари постигна четири погодоци и забележа пет асистенции.

Имаше проблеми и со тренерот, не му се допаѓаше тоа што е далеку од својот дом, а носталгијата беше посилна од платата, па одлучи повторно да издејствува враќање во Аргентина, иако и Шангај нема ништо против тоа, па наводно Бока веќе се договорила за негово враќање.

Како што пренесува „Л’Екип“ Бока за Тевез ќе плати оштета од пет милиони евра што е двојно помалку од сумата за која тој замина во Кина.

Освен за Бока и Шангај 32 годишниот напаѓач настапуваше за Коринтијас, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…