Дома Фудбал Италија Крај на кариерата? Ибра се оперираше, пауза од 8 месеци

Крај на кариерата? Ибра се оперираше, пауза од 8 месеци

Милан денес потврди дека Златан Ибрахимовиќ извршил операција на лигаментите на коленото и му следува долга пауза.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од клубот потврдија дека операцијата била предвидена од претходно за конечно решавање на проблемите на коленото, кои го мачеа цела сезона, па му следува пауза од 7-8 месеци.

Тоа најверојатно значи и крај  на кариерата за Ибрахимовиќ, кој во октомври ќе наполни 41 години.

Сепак, „Газета дело Спорт“ тврди дека Милан конечната одлука му ја оставил на играчот и му понудил едногодишен договор, со цел да се врати во јануари и да го одигра вториот дел од сезоната, за да може да се пензионира на терените.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Голманот на Парагвај искрено: Го гаѓав Мбапе затоа што не му пружи рака (Видео)

Иако селекцијата на Јужна Америка успеа да ја изненади Германија со својата цврста игра ко…