Актуелниот првак на Европа и Шпанија, мадридски Реал, поминува преку тежок период. Тренерот Зинедин Зидан како да го изгубил компасот во екипата и Кралевите од натпревар во натпревар играат се послабо.
Лошите резултати на крајот од сезоната би можеле скапо да го чинат францускиот стручњак. Иако Зидан без никакво сомнение е апсолутна легенда на клубот, претседателот Флорентино Перез веќе размислува да му даде отказ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако продолжи серијата лоши резултати, Зидан и пред крајот на сезоната ќе добие отказ. Во тој случај до крајот на сезоната привремен тренер ќе го води тимот од Мадрид, а на лето Перез има сосема јасна цел. Тој на клупата на својот клуб сака да го види Јоаким Лев, актуелниот селектор на репрезентацијата на Германија.
Иако многу имиња се поврзуваат со тренерската клупа на Кралевите, Лев е наводно прв избор на Перез. Тој ќе се обиде да го доведе на клупата на Реал, иако 57. годишниот селектор на Германија има договор до 2020. година.
Лев е на селекторското место веќе 12 години. Со репрезентацијата го освои СП 2014 година. Сепак, на клубско ниво нема многу успеси. Со Штутгарт го освои купот во 1997 година, и австриската Бундеслига со Тирол во 2002. година.