Дома Топ вести Крај на една ера: Во Реал Мадрид следи реконструкција!

Крај на една ера: Во Реал Мадрид следи реконструкција!

Реал Мадрид во следниот преоден рок би требало да направи големи промени во тимот откако оваа сезона остана без титули во Примера (најверојатно) и Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клубот од Мадрид не успеа да се опорави после заминувањето на Кристиано Роналдо и тренерот Зинедин Зидан, а од новите играчи се истакна само 18 годишниот Бразилец, Винисус Жуниор.

Иако навивачите на Реал бараат заминување на Флорентино Перез, јасно е дека тоа нема да се случи. Реално е Перез да го растури тимот кој четири пати во пет години ја освојуваше Лигата на шампионите и да склопи нов тим.

Бејл и Марсело се на излезни врати.

Овие две ѕвезди се први за „отстрел“. Бејл со Марко Асенсио после заминувањето на Роналдо требаше да биде главната напаѓачка сила на Реал, а половина година подоцна е на клупата за резерви и е во конфликт со навивачите кои бараат негово заминување. Очекувањата се да се врати во Премиер лигата.

Марсело со лошата форма го изгуби местото во првите 11 од Регулион и скоро сигурно нема да остане во Реал. Бразилецот на големо се поврзува со трансфер во Јувентус кај неговиот добар пријател Роналдо.

Ќе се бара замена за Крос, Иско се почесто е на трибините отколку на теренот.

Тука не е крајот на распродажбата. Бензема добро започна оваа сезона, но сега повторно започна да потфрла и јасно е дека на „кралевите“ потребен им е поефикасен голгетер.

Тони Крос е во најлошата форма откако во 2014 година пристигна во Реал и се погласно се зборува дека ова е неговата последна сезона во Мадрид. Како и Иско кој веќе подолго време е во конфликт со Солари.

Извесно е и дека Ваљехо и Мариано ќе го напуштат клубот, а дел од шпанските медиуми пишуваат дека може да замине и Кејлор Навас иако неодамна го продолжи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…