Дома Фудбал Италија Крај на богатата 25 годишна кариера во Јувентус: Легендата на „Старата дама“ се сели во соседството

Крај на богатата 25 годишна кариера во Јувентус: Легендата на „Старата дама“ се сели во соседството

Како што пренесуваат италијанските медиуми, изгледа дека искусниот фудбалер на „Старата дама“ донесе одлука.

Цели 25 години Клаудио Маркизио е член на Јувентус.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Уште во 1993. година како седумгодишно момче пристигна во академијата на „Бјаконерите“, 12 години подоцна се пресели во првиот тим.

Само една сезона во целата кариера ја мина надвор од Торино, играше сезоната 2007/08 на позајмица во Емполи.

До денес запиша 389 настапи во дресот на „Старата дама“, постигна 37 погодоци.

Сепак, во последните неколку години имаше проблеми со повредите, поради силната конкуренција во последните две сезони собра одвај 49 настапи, па изгледа одлучи ова лето да ја промени средината.

Роден е токму во Торини и нема намера да оди далеку од својата родна земја, па оттаму САД и МЛС не се во комбинација, но сега се појави една далеку попривлечна опција.

Имено, Клаудио Маркизио ова лето би можел да го раскине договорот со Јувентус, за да се пресели во редовите на францускиот вицешампион, Монако.

Се чини тоа како добитна комбинација, Јувентус веројатно нема да им стои на патот, сепак е нивен член неверојатни 25 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…