Со секој изминат ден претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу се приближува кон крајот на својот мандат.
Започнатата иницијатива за свокување предвремени избори готово сигурно ќе даде резултат, бидејќи веќе се верификувани 94% од неопходните 16.520 потписи на официјални членови на клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На 17 септември беа предадени 20.687 собрани потписи, а веќе неколку дена специјална комисија ги разгледува. До денес потврдени се 15.557 потписи и во следните денови се очекува да бидат официјално потврдени сите потребни потписи.
Ако бидат собрани потребните потписи, што е извесно, уште овој месец ќе биде повикан референдум и ќе му се гласа доверба на претседателот Бартомеу.
За да биде успешен референдумот две третини од 150.000 членови треба да гласаат „ЗА“ промена на претседателот.