Дома Трансфер зона Кратко траеше надежта на Арсенал: 100 МИЛИОНИ не се доволни!

Кратко траеше надежта на Арсенал: 100 МИЛИОНИ не се доволни!

Клубот од кнежеството ја одби и третата понуда.

Екипата на Арсенал испрати официјална понуда до Монако од 100 милиони евра за Килијан Мбапе. Надежта дека би можеле да го доведат кратко траеше, Монако без размислување ја одби понудата.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Реномираниот англиски весник „Телеграф“ пренесува дека во Монако не размислувале многу за понудата. По се изгледа дека управата на овој клуб е решена да го задржи Мбапе во своите редови, до сега одбиени беа три понуди, а најголема беше онаа на Реал Мадрид од 120 милиони евра.

Монако не е под притисок да мора да продаде талентираниот фудбалер и воопшто не им се брза имаат намера да го задржат барем уште една сезона, а добро за Монако е што и фудбалерот не притиска и не бара заминување.

Венгер беше спремен за најголемиот трансфер во историјата на клубот. Наводно Французинот во Мбапе го препознал новиот Тиери Анри, но сепак не усепа да најде заеднички јазик со поранешниот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Челзи спреми 60 милиони за Кунде

Англискиот гигант Челзи е силно заинтересиран за дефанзивецот на Барселона и француски реп…