Дома Фудбал Крадци влегле во домот на Умтити за време на натпреварот Барселона – Валенсија

Крадци влегле во домот на Умтити за време на натпреварот Барселона – Валенсија

Домот на дефанзивецот на Барселона, Самуел  Умтити беше ограбен за време на натпреварот од 4. коло од шампионатот на Шпанија против Валенсија, пренесуваат шпанските медиуми.

Натпреварот се играше во саботата, а Каталонците победија со 5:2. Умтити беше присутен на натпреварот, но не влезе во игра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Полицијата пристигнала по пријава на сосед на францускиот фудбалер. Откриени се траги од хакерство и отворен празен сеф. Најмалку четири лица учествувале во грабежот.

Претходно и други фудбалери на каталонскиот клуб беа мета на крадци. Минатата сезона тоа им се случи на Кевин-Принс Боатенг и Жорди Алба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тежок удар за Бразил пред натпреварот со Франција и Хрватска

Првиот голман на бразилската фудбалска репрезентација Алисон Бекер поради повреда ќе ги пр…