Eрнесто Валверде изгледа нема уште долго да биде тренер на Барселона.
Лошите игри и победите едвај добиени на индивидуален квалитет и тактиката која се сведува на магија на Лионел Меси како и безидејноста кога го нема, се причините зошто се бара негова замена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинските медиуми вчера пишуваа дека луѓето во Барселона отвориле преговори со Марсело Гаљардо, 43 годишниот тренер на Ривер Плата кој само за пет години стана најтрофејниот тренер во историјата на аргентинскиот гигант.
На само 35 години стана тренер на Национал и во првата сезона на клупата ја освои титулата шампион на Уругвај. Пролетта 2014 година Ривер го доведе на клупата и до денес со тој тим освои два аргентински куп, две титули во Копа Либертадорес, три Рекопа Судамерикана и една Копа Судамерикана. Тоа се ноние најважните трофеи, а со Ривер ги освои вупно 10. Најтрофеен тренер е на тој клуб кога во прашање се континенталните трофеи и поради тоа и поради низата победи на најголемиот ривал Бока навивачите го сметаат за најдобар тренер на Ривер во историјата.
Можноста Гаљардо да седне на клупата очигледно има подлога бидејќи со коментари за него се огласија легендите на Барселона.
Чави Ернандез вака го опиша: Се сеќавам на него од играчките денови. Мораше да размислува брзо и многу затоа што не беше физички силен. Гаљардо го сметам за интелигентен човек кој сака да игра фудбал онака како што сакаме ние во Барселона. Без никакви дилеми се работи за роден победик предодреден за успех.
Гвардиола беше краток и јасен: Неверојатно е како за неколку години стана еден од најдобрите во светот и не знам зошто уште не е номиниран за таа награда.