Денес во Италија се појави т.н голем скандал, Џузепе Пекораро екс обвинителот ја разбрануваше јавноста со изјавата за Јувентус.
„Ги баравме аудио дијалозите меѓу ВАР и судијата Орсато, но материјалите ги добивме дури на почетокот од следната сезона. Кога ја отворивме датотеката, се беше таму, освен единствената работа што ни беше важна – разговорите кои доведоа до тоа Пјаниќ да остане на теренот. Причина? Ми рекоа дека го немаат тој дел“, гласеше изјавата на Пекораро.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Станува збор за натпреварот помеѓу Интер и Јувентус во 2018 година.
Меѓутоа кој е всушност Џузепе Пекораро? Дали некои од медиумите проверија кој е човекот, кој го обвинува клубот кој домира во Италија веќе долги години?
Пекораро во 2017 година го обвинуваше Андреа Ањели, претседателот на Јувентус за нелегално работење и продажба на билетите. Во тоа време беше јавен обвинител во ФИГЦ. Тие обвинувања подоцна се покажаа како неосновани. Освен тоа и покрај неговите обвинувања Ањели во тоа време стана претседтел на Европската Асоцијација на клубовите, функција на која е и денес.
Она што го бараше Пекораро беше – парична казна од 50.000 евра за Ањели и два натпревари Јувентус да игра пред празни трибини. И од едното и од другото немаше ништо.
Да споменеме дека Пекораро е и човек близок до Силвио Берлускони, во негово време држеше разни позиции додека беше во политиката.
И сега изјавата на овој човек се зима како скандал огромни разговори како да е се готово и пресудено? Да, така е секогаш кога е Јувентус во прашање веројатно и ќе биде понатаму.
Пишува: Стефан Дасклов