Дома Фудбал Англија Кој е најголемиот ривал на Сити? Сане нема дилема, но многумина не се сложуваат со него

Кој е најголемиот ривал на Сити? Сане нема дилема, но многумина не се сложуваат со него

Младиот фудбалер на Манчестер Сити, Лерој Сане даде многу интересна изјава во пресрет на новата сезона во Премиер лигата.

На прашањето кој е најголемиот ривал на Сити за одбрана на титулата, Сане како од топ одговори – Челзи.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Челзи ни е најголем ривал бидејќи доведоа нов многу добар тренер. Ако гледавте како Наполи играше минатата сезона, се ќе ви биде јасно. Беа многу атрактивни, добро се намачивме против нив во Лигата на Шампионите“, се сеќава Сане и како втор најголем конкурент го додаде Ливерпул.

Иако многумина сметаат дека на „Граѓаните“ оваа сезона најголем конкурент им е Манчестер Јунајтед, Сане го избра тимот кој минатата сезона заврши на петтото место и изрази голема почит кон Маурицио Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА го суспендира Самуел Ето

Поранешниот камерунски напаѓач, Самуел Ето е суспендиран на шест месеци од страна на ФИФА.…