Moхамед Салах на стартот на следната сезона ќе има 32 години и јасно е дека и понатаму ќе има што да даде за Ливерпул, но исто така и дека не треба да го очекуваме она што го гледавме во минатото.
Неговата иднина во Ливерпул не е баш сигурна. Има интерес од Саудиска Арабија и тој зачести во последната година, па не е исклучена можноста да биде продаден на крајот на сезоната без оглед на резултатите кои ќе ги постигне Ливерпул.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот Џон Барнс смета дека знае кој фудбалер е решение за наследник на Салах ако тој замине.
„Секогаш сум го сакал Педро Нето. Ако барате профил на крилен играч кој би одговарал на Ливерпул тој е тој играч. Повеќе би одговарал на Ливерпул отколку на било кој друг клуб. Директен е, брз…до некаде како и Салах. Можам да го видам него во голем клуб“, изјави Барнс.
За Вулвс тој одигра 129 натпревар до сега од доаѓањето од Брага во 2019 година. Неговата вредност е околу 60 милиони фунти.