Дома Останати Кошарка Кошакарите „заробени“ во Израел: Пуштете не да си одиме дома, кошарката сега е најмала грижа!

Кошакарите „заробени“ во Израел: Пуштете не да си одиме дома, кошарката сега е најмала грижа!

Странските кошаркари се најдоја во проблеми откако ексалираше ситуацијата помеѓу Израел и Палестина.

Поради судирот со Хамас во Израел е воена состојба, а интернациалните кошаркари не се чувствуваат сигурно и сакаат да си заминат.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Во заедничко соопштение странските кошаркари во Израел побараа првенството да се прекине, а нив да им биде дозволено да се вратат дома додека ситуацијата не се смири.

„После констултација и тешки разговори со колегите од сите тимови го заклучивме следното. Во наш најдобар интерес, поради наша сигурност и на нашите семејства, бараме лигата да сукине веднаш. Иако ги цениме напорите првенството да се префрли во Грчка, Кипар или друга земја. Нема да се качиме во друг авион освен во оној кој ќе не одведе дома. Ако ризикуваме да летаме сега, ќе ризикуваме за враќање дома кај семејствата и саканаите“.

„Кошарката сега ни е најмала грижа. Колку и да ја сакаме кошарката и да сакаме да се натпреваруваме во вој момент не може да размислуваме со бистар ум за најдобар производ на теренот“, стои во соопштението.

Засега одлуката на Кошаркарскиот сојуз на Израел не е позната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вембањама директно: Јокиќ не е најдобар играч во НБА!

Виктор Вембањама не ги крие амбициите по враќањето на теренот. Центарот на Сан Антонио Спа…