По пристигнувањето во Скопје Дејан Георгиевски заедно со неговиот тренерски тим и претседателот на АМС одржаа прес-конференција.
После овој успех на Георгиевски, Мојсовски вети поголема поддршка за боречките спортови. Тренерот Дарко Костовски верува дека сега таеквондото заслужува да добие еден специјален центар наменет само за овој спорт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нашиот сон е да имаме центар само за таеквондо и после овие олимписки игри не се сомневам дека треба да има. Ги почитувам сите спортови, но таеквондото во овој момент е носечки боречки спорт во Македонија и затоа се надевам на такво нешто. Верувам дека тоа ќе донесе нови успеси, нови медали и радости на Македонија“, изјави Дарко Костовски.
Ќе потсетиме вечерва од 19:30 часот е главниот пречек на плоштадот во Скопје.