По одигрувањето на петте натпревари од 5.коло во претквалификациите познати се уште две репрезентации кои изборија пласман во квалификациите за СП 2019 во кошарка, а тоа се Шведска и Естонија.
Сега нашата судбина зависи од дуелот Косово-Естонија. Естонија со три победи по ред е сигурно првопласирана додека нашата и косовската селекции имаат само по еден триумф, со тоа што северниот сосед има уште еден меч за одигрување и тоа на домашен терен. Косово со победа ја остварува целта, во спротивно ќе се радуваме ние.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Македонија нека не се надева попусто, нема шанси да ја пропуштиме можноста на домашен терен да ја совладаме Естонија и да дојдеме до историското второ место за нас кое води во квалификациите за СП. Да играме и на стадион сигурни сме дека ќе биде исполнет до последно место, толку голем е интересот за овој дуел во моментов. Естонците ги чека пекол, во кој не веруваме дека ќе се снајдат“, истакнаа од таборот на репрезентација на Косово.