Дома Фудбал Останато Копа Либертадорес се враќа на 15 септември, финалето е закажано за 2021 година!

Копа Либертадорес се враќа на 15 септември, финалето е закажано за 2021 година!

Престижното натпреварување Копа Либертадорес ќе продолжи на 15 септември по шест месеци пауза поради пандемијата на Ковид-19.

КОНМЕБОЛ во соопштението најави дека во првиот ден ќе се одиграат четири меча од третото коло, а еден ден подоцна на програмата ќе бидат уште пет средби, по што на 17 септември следат седум дуели.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во игра за шампионската титула во Јужна Америка се 32 клубови, кои се поделени во осум групи по четири клуба, а пласман во следната фаза ќе обезбедат двата најдобри тимови од секоја група.

Финалето е закажано за јануари 2021 година на стадионот „Маракана“ во Рио де Жанеиро, а титулата ја брани бразилски Фламенго, кој лани беше подобар од Ривер плејт со 2-1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…