Дома Фудбал Италија Конте ја откажа прес-конференцијата

Конте ја откажа прес-конференцијата

Интер ја откажа прес-конференцијата на Антонио Конте во пресрет на утрешниот натпревар против Џенова поради влошената ситуација со коронавирусот.

Пред два дена позитивни на ковид-19 беа директорите Бепе Марота, Алесандро Антонело и Пјеро Аусилио, додека сите тестови на екипата заедно со стручниот штаб беа негативни.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Сепак, денес во Интер беа потврдени два нови случаи на корона, затоа клубот одлучи да ја одложи денешната прес-конференција на Конте.

Остатокот од тимот беше повторно тестиран и е во изолација додека не дојдат резултатите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Ако на Дарвин не му одговара Саудиска Арабија, би можел да се пресели во Челси“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, а сега на Ал Хилал, Дарвин Нуњез, повторно го посакуваат…