Дома Трансфер зона Конте стави точка – останувам во Челзи!

Конте стави точка – останувам во Челзи!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте уште еднаш категорично ги демантираше шпекулациите дека може да си замине од „Стенфорд Бриџ“ на крајот на сезоната.

Иако ги води „сините“ кон титулата во Премиер лигата, италијанските медиуми шпекулираат дека на лето би можел да се пресели во милански Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Имам договор на уште две години. Логично е кога ќе дојдеш во нов клуб да сакаше да работиш на тоа место многу години. Тоа е она што јас сигурно го сакам – да останам во Челзи уште долго време“, јасен беше Конте.

Челзи е лидер во Премиер лигата со 84 бода и веќе утре има шанси да ја освои титулата доколку победи на гостувањето кај ВБА.

Интер неодамна го отпушти тренерот Пиоли и наводно му понудиле договор од 15 милиони евра по сезона на Конте, но денес Италијанецот стави точка на оваа тема.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…