Тренерот на Челси, Антонио Конте истакна дека клучниот момент во вчерашниот пораз на неговата екипа од Барнли е црвениот картон на Хејхил и додаде дека ќе мора да смисли нова формација со 10 играчи, со што потсети на Жозе Мурињо кој неодамна ги користеше истите „финти“ кога дуелите ги завршуваше со играч или два помалку.
Фудбалерите на Челси со пораз ја стартуваа одбраната на титулата во ПЛ, откако загубија од Барнли со резултат 3:2.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Црвениот картон на Кејхил беше клучниот момент, бидејќи не беше лесно да се игра остатокот од мечот до десетмина. Неколкуте последни натпревари ги завршувавме со деветмина или десетмина играчи. Ќе морам да пронајдам нов систем и да ја предвидам таквата игра со помалку, за следниот меч“, истакна КОнте за британските медиуми.
„Не сакам да го коментирам судијата, апсолутно не“, додаде Италијанецот.
Англискиот шампион во првото полувреме потполно беше надигран од Барнли, кој од 14. минута имаше човек повеќе на теренот, откако Кејхил по остриот старт доби директен црвен картон.
„Се трудевме до крајот да дојдеме до добар резултат, штета што не успеавме бидејќи добро се боревме во второто полувреме. Во првото ја загубивме главата по црвениот картон, примивме два погодоци, а тогаш беше тешко да се промени конечниот резултат“, додаде Конте.
Челси во рамки на второто коло ќе гостува кај Тотенхем.