Дома Фудбал Конте проговори за можноста да го преземе Реал Мадрид

Конте проговори за можноста да го преземе Реал Мадрид

Антонио Конте моментално е без ангажман после отказот во Челзи, но медиумите постојано го поврзуваат неговото име со клупата на Реал Мадрид.

Конте призна дека на лето ќе се врати на терените, а проговори и за можноста да седне на клупата на Реал Мадрид.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Реал Мадрид моментално е врел компир, подобро не. Постоеше можност, но не сакам да го преземам клубот среде сезона. Повеќе сакам да работам од почеток“, истакна Конте.

„До лето нема да ме видите на клупата на ниту еден клуб, тоа е сигурно. Што се однесува до Интер, се зборуваше долго, но никој не ме контактирал. Мирно ќе ги разгледам сите понуди кои ќе ги добијам“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со гол во 90. минута го победи Јувентус, дербиото го обележа контроверзен црвен картон (Видео)

Фудбалерите на Интер и Јувентус одиграа вистински спектакл во дербито од 25. коло на Сериј…