Дома Фудбал Англија Конте преговара со нов клуб, ги сака Брозовиќ и Лаутаро

Конте преговара со нов клуб, ги сака Брозовиќ и Лаутаро

Антонио Конте после освојувањето на Скудетото го напушти Интер после несогласување со раководството на клубот.

Конте имаше несогласувања со „нероаѕурите“ околу составување на тимот за наредната сезона и спогодбено го раскина договорот со Интер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што информираат медиумите на Островот, Конте нема долго да остане без работа и веќе преговара со друг клуб.

Имено, Арсенал сака да го донесе на кормилото за да го наследи Артета, кој е пред отказ. „Топџиите“ имаат најлош старт на сезоната во својата историја, па се спремни да му дадат на Конте одврзани раце и голем буџет за да ги врати на врвот.

Конте побарал од раководството на Арсенал да му бидат донесени две ѕвезди на Интер, а станува збор за Марсело Брозовиќ и Лаутаро Мартинез.

На Брозовиќ договорот му истекува на крајот на сезоната, а Арсенал е спремен да му понуди двојно поголема плата, додека за Лаутаро „топџиите“ се спрмени да понудат 90 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Преговорите започнале: Перишиќ може да се врати во Интер!

Многу извори тврдат дека Интер успеал да постигне договор со Иван Перишиќ за можно враќање…