Дома Фудбал Останато Конте поради една СМС порака може да изгуби добиени 11 милиони евра

Конте поради една СМС порака може да изгуби добиени 11 милиони евра

Антонио Конте ова лето се врати во Италија каде што го превзема Интер.

Одличниот стратег претходно работеше во Челзи со кој не се раздели на најдобар начин, поточно спорот со лондонскиот клуб се уште е во тек.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Конте го тужеше Челзи и доби спор според кој „сините“ треба да му исплатат 11 милиони евра, меѓутоа следуваше жалба на таа одлука.

Доколку жалбата биде прифатена селекторот на италијанската репрезентација би можел да остане без високата оштета.

Во Челзи веруваат дека СМС пораката која Конте му ја испратил на Диего Коста и во која му кажува да не се враќа во клубот наштетила на угледот на клубот.

Напаѓачот после таа СМС порака не се врати во Лондон и Челзи бидејќи сигурно можеше да го продаде поскапо доколку Конте не се однесуваше на тој начин изгуби многу пари.

Токму поради таа порака клубот се уште не сака да му ги исплати тие 11 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …