Дома Фудбал Англија Конте: Ова е фрустрирачки, Тотенхем треба да процени дали сум доволно добар

Конте: Ова е фрустрирачки, Тотенхем треба да процени дали сум доволно добар

Кратко траеше радоста на Антонио Конте и Тотенхем за победата против Манчестер Сити, вчера „петлите“ беа поразени од Барнли со 1:0.

После победата над Сити Конте изјави дека го има најдобриот тим со кој работел, меѓутоа сега како да има поразлично мислење, само неколку дена подоцна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Оваа ноќ беше тешка. Но, не е само оваа изгубивме четири натпревари од последните пет. Тоа значи дека клубот треба да процени дали сум добар, за мене ова е многу фрустрирачки. Жал ми е за фановите затоа што не го заслужија ова. Кога ќе загубите четири од пет пати клубот треба да направи проценка и да го пронајде најдоброто решение“.

„Во ваква ситуација фудбалерите остануваат исти, се менуваат тренерите. Ќе повторам, премногу сум искрен да прифатам ваква ситуација. Ќе направиме проценка заедно со сите во клубот. За никого не е добро да продолжиме да губиме, не можам да го прифатам тоа“, изјави Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Додека Салах е во Африка, неговата судбина на Енфилд конечно е решена!

Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул стана главна тема на разговор порано овој месец, сè …