Раководството на Челзи во летниот преоден рок потроши приближно 200 милиони фунти, но менаџерот Антонио Конте не е задоволен од засилувањата кои пристигнаа на „Стенфорд Бриџ“.
„Сините“ летово се засилија со голманот Кабаљеро, потоа Рудигер, Бакајоко, Запакоста, Дринквотер и Мората.
Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Како то пренесува „Гардијан“, италијанскиот стратег очекувал дека по продажбата на Немања матиќ, раководството на клубот ќе донесе топ засилување од светска класа, но тоа не се случи.
Конте во тимот ги сакаше Ван Дајк, Лукаку и Алекс Сандро, но раководството немаше слух за неговите желби.
„Челзи сега има повеќе фудбалери, но не и квалитет каков што посакувам“, им се поверил Конте на своите блиски.
Челзи оваа сезона ќе игра во Лигата на шампиони, на Конте смета дека нема доволно силен тим за да се бори на три фронта.