Дома Фудбал Италија Конте најави битка за трофеи: Еве како ќе изгледа неговиот Интер (фото)

Конте најави битка за трофеи: Еве како ќе изгледа неговиот Интер (фото)

Антонио Конте денес и официјално седна на клупата на Интер и веднаш најави враќање на самиот врв и борба за трофеи.

Јасно е дека трофејниот стратег ќе направи реконструкција на тимот и ќе донесе засилувања по своја мерка, а италијанските медиуми веќе откриваат како треба да изгледа неговиот Интер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во одбраната пристигнува Диего Годин кој заедно со Скриниар и Де Врај ќе го сочинуваат одбранбеното трио во формација 3-5-2.

Конте побарал од раководството по едно засилување за средниот ред и крилната позиција, а најголеми желби се Николо Барела од Каљари и Федерико Киеза од Фиорентина.

Барела треба да го комплетира средниот ред заедно со Брозовиќ и Нанинголан, а Киеза би требало да биде најголемото засилување за Интер ова лето.

Во нападот сигурно ќе пристигне Един Џеко, а со оглед на фактот што Конте ќе игра со двајца напаѓачи раководството ќе донесе уште еден напаѓач и ќе се обиде да му ја исполни желбата на тренерот, а тоа е Ромелу Лукаку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Убава приказна од Италија: Фабрегас со Комо пред промоција во Серија А!

Eдна убава приказна која ја води славниот Сеск Фабрегас може да биде испишана во вториот р…